Оклопниот воз пристигнува во Владивосток: Ким доаѓа на средба со Путин

фото: EPA-EFE/BUI DOAN TAN

Оклопниот воз на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се очекува утре да пристигне во градот Владивосток, на рускиот Далечен Исток, каде првиот човек на Северна Кореја ќе се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин, објавија дел од руските медиуми.

Во исто време, севернокорејските медиуми јавија дека Ким „наскоро” ќе ја посети Русија, без да прецизираат точен датум на посетата и неговата средба со Путин.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера соопшти дека Путин и Ким ќе се сретнат „до крајот на месецов”, додавајќи дека не може да го каже точниот датум на средбата.

Тој нагласи дека подготовките за состанокот се во завршна фаза, истакнувајќи дека повеќе не може да даде никакви информации.

Москва претходно соопшти дека местото и датумот на средбата Путин – Ким не ги објавува поради „безбедносни причини”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот