ОЈО: Во тек е финансиска истрага за „Рекет“ – Слободен печат
Хроника

ОЈО: Во тек е финансиска истрага за „Рекет“

Со оглед на тоа дека се работи за предмет што предизвика голем интерес во јавноста, во рамките на можностите ќе продолжиме да ги споделуваме сите информации што нема да наштетат на понатамошната постапка, велат од ОЈО.

Согласно утврдениот план презема истражни дејствија во насока на обезбедување на доказите и целосно расветлување на случајот „Рекет“. Во тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање на доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба. Воедно, дел од одземените електронски уреди се вештачат, а за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини, извести денеска ОЈО.

Во дописот за јавноста се вели:

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во интерес на постапката нема однапред да споделува информации за дејствијата што ги презема во предметот, па така и за лицата што ги повикало или има во план да ги повика да дадат исказ.

Со оглед на тоа дека се работи за предмет што предизвика голем интерес во јавноста, во рамките на можностите ќе продолжиме да ги споделуваме сите информации што нема да наштетат на понатамошната постапка, велат од ОЈО.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

2 Коментари

  1. Se nadolu i nadolu, vo tek bila finasiska istraga, pa zarem Kamcev nema odgovornost koja e jasno vidliva kes pari za potkup, pa zarem obvinitelite ne se sramat koga graganin koj patuva vo stranstvo na nekolku meseci vo patniot bagaz stavi 2/3 steki cigari za licna upotreba samo zaradi toa sto zakonot toa go zabranuva odgovara krivicno a vidi sega vo tek bila istraga, a toj uziva doma relaksiran znaejki deka od negovite pari se ofajdile bas tie sto treba da go sudat.
    Zarem ne im e griza deka aramot udira na najmiloto i koga toa ke se sluci ni Kamcev nema da moze da im pomaga, ARAM da im e.

  2. изгледа во суството е баш тоа ј**е луд збунјеног ало бе кого фарбате па секоја истрага прво требе да почне од финансиските малверзации па на крајот се одредува според тежината на криминалот јас ли требе како ветеринар да ви објаснувам спремен сум да ме ангажирате со договор на дело да ви најдам се што не ви е јасно во спротивно јавно ке сија запалам дипломата стекната во Белград 1988 а не во Свети Николе. абер да се немало или така ви чини? каде студиравте? каде го научивте занаетот? само господ знае за секое нешто имате и дупче или по булгарски тази дупче нее дупче!…………….. срамота и бруга за државата.

Напиши одговор на m-r.Slobodan Dimitrovski Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close