ОЈО: Во тек е финансиска истрага за „Рекет“
Во дописот за јавноста се вели:
„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во интерес на постапката нема однапред да споделува информации за дејствијата што ги презема во предметот, па така и за лицата што ги повикало или има во план да ги повика да дадат исказ.
Со оглед на тоа дека се работи за предмет што предизвика голем интерес во јавноста, во рамките на можностите ќе продолжиме да ги споделуваме сите информации што нема да наштетат на понатамошната постапка, велат од ОЈО.