ОЈО со детали за силувањето во Велес, велешанецот бил сосед на жртвата

Основно јавно обвинитрлство / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Осомничениот искористувајќи исти прилики, во два наврати со употреба на сила извршил обљуба врз 63 годишна жена од Велес, велат од ОЈО Велес.

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 55-годишен велешанец, поради постоење на основано сомневање дека сторил продолжено кривично дело – Силување од член 186 од Кривичниот законик.

Осомничениот искористувајќи исти прилики, во два наврати со употреба на сила извршил обљуба врз 63 годишна жена од Велес. На  17.9.2020 околу 22.00 часот, осомничениот, кој и бил сосед на жртвата, се префрлил преку оградниот ѕид од улицата, влегол во дворот од куќата, па откако оштетената ја отворила влезната врата, тој влегол внатре и употребувајќи сила го извршил кривичното дело. Следниот ден,  околу 11.30 часот, на истиот начин, го повторил кривичното дело- стои во соопштението на ОЈО Велес.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот ги имаше предвид видот и тежината на стореното кривично дело, запретената казна, личноста на осомничениот, посебно фактот дека е сосед на оштетената и дека може да го повтори кривичното дело и да влијае врз текот на истражната постапка, па од тие причини до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судијата на претходна постапка на Основен суд Велес го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Обљубена возрасна жена во Велес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот