ОЈО Скопје предложи парична казна за хотел во Скопје кој работел и покрај забраните

Основно јавно обвинитрлство / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи согласно член 206 од Кривичниот законик.

Обвинетото физичко лице, во својство на управител на правниот субјект – хотел, не постапил согласно законските прописи за спречување на ширењето на заразната болест COVID-19 и овозможил хотелско сместување на лице од Дебар, спротивно на одлуките и наредбите со кои сите угостителски објекти се затворени за гости. При вонреден инспекциски надзор од Државниот пазарен инспекторат било констатирано прекршувањето на здравствените прописи.

Јавниот обвинител му предложи на судот да изрече парична казна од 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност на физичкото лице, како и казна од 100.000 денари за обвинетото правно лице.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот