ОЈО Скопје поднесе Обвинителен предлог против албански државјани за тешка кражба

обвинителство ојо

Откако ја извршиле кражбата тие го напуштиле местото на настанот.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против двајца албански државјани за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

-Обвинетите како соизвршители, на 24.09.2019 година, од возило Фолксваген пасат со гевгелиски регистарски ознаки, паркирано во гаражите на еден трговски центар во Скопје, одзеле машка торба со 684.200 денари. Имено, тие го забележале оштетениот сопственик како излегува од возилото и со употреба на специјален уред – блокатор привремено го спречиле сигналот за заклучување на автомобилот. Оштетениот, верувајќи дека успешно го заклучил возилото, се оддалечил, а обвинетите ја отвориле вратата, влегле внатре и ја одзеле торбичката во која се наоѓале две пликоа со 11.000 евра, 100 американски долари и ситни пари – српски динари, хрватски куни и бугарски левови, клучеви и полнач за мобилен телефон- наведуваат од ОЈО Скопје.

Откако ја извршиле кражбата тие го напуштиле местото на настанот.

Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог, со кој побара на обвинетите да им биде продолжена претходно определената мерка притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот