ОЈО Скопје: Двете лица кои се закануваа во автобус на ЈСП со „убивање и киселина“ ќе одговараат за насилство

Фото: mia.mk

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица, жители на скопски села, на возраст од 31 година кои како соизвршители сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРМ, обвинетите на 5 ноември во 2020 година, околу 17:30 часот, во автобус на ЈСП Скопје кој сообраќал на линијата бр. 7 во Скопје, грубо ги навредиле и ја загрозиле сигурноста на оштетениот возач и на патниците во автобусот.

ВИДЕО: Агресивни скопјани без маска во автобус со закани до сопатниците

Од обвинителството посочуваат дека обвинетите влегле во автобусот кај автобуската станица „Рекорд“ без да носат заштитни маски, на што реагирале патниците предупредувајќи ги да носат заштитна опрема. Тогаш обвинетите започнале грубо да ги навредуваат патниците и да ја загрозуваат нивната сигурност, велејќи им дека ќе ги убијат и ќе ги стават во киселина.

Потоа му се обратиле и на возачот на автобусот со барање да запре и да ја отвори вратата за да излезат пред да стаса на следната автобуска постојка. Возачот не ја отворил вратата, по што обвинетите продолжиле со грубо навредување и загрозување на неговата сигурност, му се обраќале со висок тон и удирале по внатрешноста на возилото. Со тие дејствија обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај оштетениот возач и патниците на автобусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот