ОЈО: Се прибираат потребни известувања за објавените аудио записи на Јутјуб

обвинителство ојо

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по првичното објавување на аудио снимки на Јутјуб објавени на каналот „U6e Big“, отвори предмет по допрен глас.

Во соопштението на Обивнителството стои дека предметот бил земен во предвид и по него постапува надлежен јавен обвинител. Издадена била и наредба до Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика да преземат дејствија и мерки и барањето за прибирање на потребни известувања да го достават до Јутјуб.

Во моментов се испитуваат сите околности во врска со идентификација на лицето што ги објавило снимките. Со постапката треба да се утврди кој снимал, дали во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело, како и идентитетот на лицата што разговараат. Откако ќе биде прибран и анализиран доказниот материјал, обвинителството ќе донесе одлука дали и кое лице ќе биде повикано да даде исказ пред обвинител, за што во моментот е прерано да се зборува, информираат од ОЈО.

Воедно, Ве информираме дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до сега нема пристигнато пријава која се однесува на објавените снимени разговори. Обвинителството како и во изминатиот период нема да коментира изјави, туку својата работа ќе продолжи да ја темели врз докази. Во насока на тоа обвинителството веднаш, како и во случајот на објавените документи од предметот „Рекет“, отвори постапка во насока на расветлување на случајот, стои во соопштението ја Јавното Обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот