ОЈО се плаши жената-убиец да не избега

Фото: Илустрација

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против 50-годишна жителка на скопското село Студеничани која е обвинета за убиство. Според ОЈО, таа на 1 мај годинава, во семејниот двор со умисла го убила сопругот со секира. На трагедијата и претходела семејна расправија. Во еден момент сега обвинетата ја зела секирата која била во близина и со сечивото три пати го удрила сопругот. ОЈО од судија на претходна постапка денеска побара продолжување на притворот за жената бидејќи сметаат дека таа може да избега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот