ОЈО Прилеп утврдува евентуална кривична одговорност за забавата во ноќен клуб

Прилеп/Фото: МИА

Прилепчани признаваат дека не се почитуваат мерките ниту дистанцата помеѓу масите во кафулињата.

Почитување на постоечките но и воведување на поригорозни мерки бараат прилепчаните откако прилепското основно јавно обвинителство оформи предмет по допрен глас за викенд забавата со многу млади во ноќен клуб во Прилеп.

-Основното јавно обвинителство Прилеп оформи предмет по допрен глас поради сомненија дека едно правно лице и едно физичко лице – одговорно лице во правниот субјект сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи од член 206 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.

Оттаму наведуваат дека во услови на прогласена пандемија од Ковид-19, спротивно на законските прописи и пропишаните мерки за заштита, во вечерните часови на 18 јули во правното лице – угостителски објект била организирана забава на која биле присутни поголем број посетители. Постапувајќи по оформениот предмет, надлежното обвинителство издало наредби за утврдување на фактичката состојба и евентуалната кривична одговорност, како и за обезбедување докази.

Од обвинителството велат дека сѐ уште прибират докази и сослушуваат сведоци.

Прилепчани признаваат дека не се почитуваат мерките ниту дистанцата помеѓу масите во кафулињата.

Во Прилеп моментално се активни 55 случаи од кои 37 се наоаѓаат на домашно, а 18 лица на болничко лекување. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 83 лица. Од почетокот на пандемијата се вкупно 312 заразени од Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот