ОЈО: Обвинение против шест лица – фалсификувале потврди за негативен ПЦР тест

пцр тестови
Во земјите од соседството, а и во Македонија се прават и се продаваат лажни ПЦР-тестови, Фото: Архива

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против петмина македонски и еден турски државјанин за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.

– Според обвинителните предлози поднесени од Основното јавно обвинителство Скопје, обвинетите го сториле делото при обид да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија, кога на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот. Иако воопшто не се тестирале во наведените лаборатории во Скопје и знаеле дека потврдите се лажни, тие ги прикажале сертификатите како вистински пред овластените службени лица, се вели во соопштението од ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот