ОЈО како швајцарско сирење: Течат документи од истрагата за „Рекет“

Засега нема информации од ОЈО за гонење организиран криминал и од државното обвинителство дали веќе е отворен предмет за да се утврди како протекол документот и кој ќе понесе одговорност за тоа, бидејќи станува збор за доверливи податоци. Кога италијанска „Ла Верита“ ги објави видео и аудио снимките кои се дел од истрагата за „Рекет“, од обвинителството негираа дека материјалите протекле од кај нив, објави порталот 360степени.мк..

Факсимил од Записник за примање кривична пријава, од 2 мај 2019 г., од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, се појави на порталот „Инфомакс“. Најверојатно, станува збор за моментот кога Јордан Камчев формално пријавува рекетирање и поднесува кривична пријава. Објавен е факсимил само од една страница од документот, а во текстот на порталот се пренесуваат и делови од документот што не можат да се прочитаат на таа страница.

Од објавениот факсимил може да се прочита дека Камчев пред Русковска тврдел дека историјатот на контактите со Бојан Јовановски и Зоран Милевски (осомничени во „Рекет“) започнува од септември 2018 г. кога Боки 13 првично му нуди „фиктивен проект за продажба на права за некаков тип на Fashion Mall“. На вториот состанок, според Камчев, Боки 13 донел „тип на договор кој беше потпишан од директорот на таа компанија за франшиза, а тоа е синот на обвинителката Катица Јанева“. Камчев вели дека му биле побарани 4 милиони евра за „ноу-хау“ и дека тој сфатил оти станува збор за фиктивен проект, па го одбил.

Следувал и втор обид од Јовановски, овој пат да му продаде „ексклузивна лиценца за старечки домови, од некоја европска асоцијација“, за која Камчев би добил ексклузивитет за територијата на Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот