ОЈО како швајцарско сирење: Течат документи од истрагата за „Рекет“ - Слободен печат

ОЈО како швајцарско сирење: Течат документи од истрагата за „Рекет“

Засега нема информации од ОЈО за гонење организиран криминал и од државното обвинителство дали веќе е отворен предмет за да се утврди како протекол документот и кој ќе понесе одговорност за тоа, бидејќи станува збор за доверливи податоци. Кога италијанска „Ла Верита“ ги објави видео и аудио снимките кои се дел од истрагата за „Рекет“, од обвинителството негираа дека материјалите протекле од кај нив, објави порталот 360степени.мк..

Факсимил од Записник за примање кривична пријава, од 2 мај 2019 г., од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, се појави на порталот „Инфомакс“. Најверојатно, станува збор за моментот кога Јордан Камчев формално пријавува рекетирање и поднесува кривична пријава. Објавен е факсимил само од една страница од документот, а во текстот на порталот се пренесуваат и делови од документот што не можат да се прочитаат на таа страница.

Прочитајте и...  Зеќири: И покрај притисоците донесовме Закон зад кој стојат САД и ЕУ

Од објавениот факсимил може да се прочита дека Камчев пред Русковска тврдел дека историјатот на контактите со Бојан Јовановски и Зоран Милевски (осомничени во „Рекет“) започнува од септември 2018 г. кога Боки 13 првично му нуди „фиктивен проект за продажба на права за некаков тип на Fashion Mall“. На вториот состанок, според Камчев, Боки 13 донел „тип на договор кој беше потпишан од директорот на таа компанија за франшиза, а тоа е синот на обвинителката Катица Јанева“. Камчев вели дека му биле побарани 4 милиони евра за „ноу-хау“ и дека тој сфатил оти станува збор за фиктивен проект, па го одбил.

Следувал и втор обид од Јовановски, овој пат да му продаде „ексклузивна лиценца за старечки домови, од некоја европска асоцијација“, за која Камчев би добил ексклузивитет за територијата на Скопје.

Прочитајте и...  МФ: Одлични резултати на #МојаНаграда

Прочитај повеќе

Орбан: Будимпешта не мора да ѝ се допадне на „уморната бриселска елита“

Слободен печат

Бројот на заразени со коронавирус на крузерот „Дајмонд принцес“ продолжува да расте

Слободен печат

Брнз го поздрави успехот што за три години го оствари досегашниот парламентарен состав

Слободен печат

Албанскиот државен врв ја честиташе 12-годишнината од независноста на Косово

МИА Агенција

Најмалку 22 лица убиени во Камерун, поголемиот дел од жртвите се деца

Слободен печат

САД: Од сезонскиот грип досега починаа 14 илјади луѓе, властите се подготвуваат за втор бран

Слободен печат

Остави Коментар

Осумнаесет − 9 =

Прочитај повеќе

НАкС бараат на вработените во високото образование да им се плаќа за минат труд

Слободен печат

Врвот на МВР утринава решава како ќе се разделат последните 4.000 пасоши

Мирослава Бурнс

Џафери: Да ги направиме изборите свечен ден

Хакери ја нападнаа хрватската нафтена компанија „ИНА“

Слободен печат

Николовски: Промена на Устав или брзи реформи и членство во ЕУ за промена на Договорот од Преспа

Слободен печат

Кина и Јапонија одложуваат важни настани поради коронавирусот

Слободен печат