OJO ја завршува истрагата за претепувањето на струмичанецот Вцков – други снимки откриваат кој прв почнал

Со видливи повреди на главата, струмичанецот Игор Вцков кој завчера беше брутално претепан во Струмица од група луѓе и настанот го виде целата јавност откако видеото се појави на социјалните мрежи, ја раскажа својата потресена приказна за тоа како бил нападнат и од кого.

-Во казиното каде што играв за 200 денари побарав уште едно пиво, но не ми додоа, туку луѓе од обезбедувањето на Зоран Заев ме нападнаа и ме тепаа и ме извадија надвор каде ме удираа по главата и телото, а се обидоа да ме прегазат со автомобил, сведочи Вцков за настанот кој ја вознемири Струмица и целокупната македонска јавност.

Според неговото тврдење тој е тепан без причина, дека е Ром, а тоа го тврди и Геге Демировски од Народната партија на Ромите кој го вклучи Вцков во живо на Фејсбук да зборува за нападот врз него.

-Ромскиот народ е дискриминиран од Зоран Заев и ги молам странските амбасади да реагираат. Овој случај во кој членови на обезбедувањето на Заев се директно инволвирани во тепачката треба да одговараат на Суд. Го молам обвинителството и судовите како и полицијата да отворат случај и да се бара правда за бруталното претепување на Вцков, вели Демировски.

-Ако не сте способни да им помогнете на Ромите, барем не ги тепајте, дециден е Демировски.

 

Според извори на „Слободен печат“ од обвинителството кое покрена истрага за случајот, наводите на Вцков се далеку од вистината за случајот и обвинети се луѓе кои немаат никаква вмешаност.

Од она што е досега откриено со истрагата, Вцков во казиното во Струмица влегол со група од 10 луѓе и притоа кршел и го нарушил редот. Овој дел е документиран од безбедносните камери во објектот. Поради тоа реагирало обезбедувањето и дошло до прекумерна употреба на сила за да се совлада Вцков, што исто така е дел од истрагата.

ОЈО ги собира материјалните докази и наскоро ќе финишира истрагата за целиот случајот и ќе биде јасно против кого и за што ќе бидат поднесени кривични пријави.

ВИДЕО: Страшна тепачка во центарот на Струмица – маж претепан од толпа со палки и тупаници

20 приведени по страотната тепачка во Струмица

Отворен предмет по допрен глас за тепачката во Струмица​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот