ОЈО бара нов притвор за вработените во „Дурмо турс“

Основното јавно обвинителство денес поднесе барање за продолжување на мерката притвор, односно домашен притвор за нови триесет дена за вработените во „Дурмо турс“. Во притвор се сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмуш Белули, раководител на автобуската компанија, како и возачот кој управуваше со автобусот. Во домашен притвор, пак, се уште тројца вработени од „Дурмо турс“ и од гостиварскиот техничкиот центар за преглед на возила, кој исто така е во сопственост на Белули.

Судот треба да одлучи дали да ги продолжи мерките на ОЈО Скопје што денеска ги бара.

Во истрагата на скопското обвинителство шестмина се осомничени за сообраќајната несреќа. Против едно лице остануваат да важат мерките за претпазливост, односно да не може да го напушти градот Гостивар, што не е опфатено во истрагата. Од страотната сообраќајна несреќа што се случи во февруари на автопатот Скопје – Тетово, вкупниот биланс на загинати е 15 патници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот