Ојлески: Одиме да играме европски ракомет против Рајн Некар Левен!

Фото: rkeurofarmpelister.com

Денеска со почеток од 20.45 часот екипата на Еурофарм Пелистер во својот трет натпревар во Лига Европа му гостува на Рајн Некар Левен во Германија. Оваа германска екипа и сезонава се бори за титулата во Бундеслигата каде што моментно е на делба на првото место со Кил и воедно има четири победи во низа.

Гоце Ојлески ќе биде единствено лево крило на гостувањето во Манхајм против Рајн Некар Левен, со оглед дека Бојан Маџовски не отпатува, а покрај него во Битола останаа и десното Ненад Костески и пивотот Елмир Граѓан.

Натпревари како овој со Рајн-Некар Левен се играат ретко во текот на сезоната, затоа Ојлески посакува да извлечат максимум од него. Стружанецот смета дека од денешниот дуел екипата од Битола може само да добие.

Бабиќ: Се радувам на дуелот со Рајн-Некар Левен

– Секако дека коронавирусот остави трага. Не е лесно да си надвор од тренажен процес десетина дена. Видовме како тоа се одрази на натпреварот против Кадетен Шафхаузен. Атмосферата не се наруши, продолживме да тренираме, да ја вратиме снагата и да се подготвиме за натпреварот во вторник.

Рајн Некар Левен е фаворит во групата. Не е лесно да се игра против нив, посебно на гостински терен. Нема што да загубиме, одиме да играме европски ракомет и можеме само да добиеме и да се воиграме за следните натпревари кои ни следуваат – се зборовите на Ојлески на клупскиот сајт.

Македонскиот претставник има еден бод засега и е петти на табелата по само два одиграни натпревари. Покрај овој натпревар, есенва треба да се одиграат и двата дуели со Тримо Требње, а можеби и заостанатиот натпревар против Татабања.

Лига Европа, 4. коло

Група „Д“

20.45 часот Рајн Некар – Еурофарм Пелистер

Табела:

1.Кадетен 3 бодови (два натпревари)
2.Рајн Некар 2 (еден натпревар)
3.Тримо Требње 2 (еден натпревар)
4.ГОГ 2 (три натпревари)
5.Еурофарм Пелистер 1 (два натпревари)
6.Татабања 0 (еден натпревар)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот