Ојлески: Нема да биде лесно, но ќе играме на победа против ППД Загреб!

Фото: rkeurofarmpelister.com

Денеска играчите на Еурофарм Пелистер ќе го продолжат настапот во СЕХА Газпром лигата, нов ривал од 20.00 часот во Хрватска е составот на ППД Загреб.

Тренерот на битолската екипа, Жељко Бабиќ нема да има на располагање четири играчи поради физички проблеми, но се надева дека барем еден ќе врати во тимот за двомечот од Лига Европа против унгарската Татабања, иако и тоа не е сигурно.

Левото крило на клубот, Гоце Ојлески и неговите соиграчи ветуваат максимална борба во обид да ги освојат бодовите на ова гостување.

– Одработивме добро подготовки, бевме во Загреб и игравме тест натпревари. Мислам дека добро се подготвивме, со исклучок на неколку ракометари кои имаат мали проблеми. Одиме во Загреб да се надигруваме и знаеме каков противник ќе имаме. Се работи за екипа која скоро секоја година игра Ф4 на СЕХА лигата. Нема да биде лесен натпревар, но ќе играме на победа. Ќе дадеме максимум и ќе видиме што ќе се случи.

Успех во Загреб ќе ни донесе голема самодоверба и добар влез во втората полусезона. Ни следат повеќе натпревари и добар старт во Загреб добро би ни дошол. Ни следи брзо потоа и Татабања во Битола и се надеваме на добри резултати – вели Ојлески.

Во рамките од групата „А“ по три бода имаат Еурофарм Пелистер и ППД Загреб, без бодови се Металопластика (Србија) и Татран Прешов (Словачка).

Бабиќ: Мотивациски е добро што ќе играме против ППД Загреб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот