Ојлески: Како да ни „судено“ вака да завршуваме и разочаруваме!

facebook.com/rkeurofarmrabotnik/

Иако пред натпреварот веруваа ракометарите на Еурофарм Работник дека можат да стигнат и до втората победа во Лигата на шампионите, тоа не се случи. Македонскиот ракометен клуб беше на добар пат да освои нови два бода, но во последните 15 минути испушти убава предност и на крајот се радуваше Татран Прешов.

Тренерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски:

– Честитки до екипата на Татран Прешов, на фер и коректната игра. На овој натпревар на спротивната страна имавме еден расположен голман кој одбрани невозможни ситуации. Жалам што немаме повеќе самопочитување кон тоа што го работиме. Можам да им честитам на момците за борбеноста, но не можам да честитам и за храброста. Да се игра во Битола пред полна сала претставува чест, но и обврска да се покаже машкост. Го донесовме натпреварот со предност од четири голови разлика и како и секогаш го вративме назад во загубена позиција. Навистина жалам, претстои анализа, во следното коло имаме нов меч со Татран за две недели во Словачка и се надевам дека таму ќе бидеме поуспешни.

Ракометарот на Еурофарм Работник, Гоце Ојлески:

– Честитки до играчите на Татран Прешов, одиграа еден навистина добар натпревар. Како што кажа и нашиот тренер, и на претходните четири мечеви имавме позитива во вториот дел и на крајот како да ни е судено вака да ги завршуваме дуелите и да разочаруваме. Нивниот голман беше навистина на ниво, ќе анализираме, до крајот има уште да се игра.

Во наредното шесто коло играчите на тренерот Стевче Алушовски ќе го играат во Словачка на 2 ноември (18.00 часот) против Татран Прешов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот