Охриѓанец направил сообраќајка и избегал, а колата со три метри крадени дрва ја скрил во шума

Дрва за огрев / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Во планинскиот појас над кичевското село Другово, во близина на автопатот во изградба Кичево-Охрид, вчера во 12:00 часот полицијата пронашла автомобил „Фолксваген” со кичевски регистарски ознаки, соопшти МВР.

„По преземени мерки, било констатирано дека возилото претходно учествувало во сообраќајна незгода, истиот ден во 07:30 часот и дека возачот М. С. (63) од Охрид, го напуштил местото на незгодата, го оставил возилото и избегал. Од извршениот преглед на возилото, констатирано е дека во него има околу три метри кубни огревно дрво, кои се предадени на Шумската полиција“, се вели во полициското соопштение.

По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот