Охриѓанец се соблече гол и прошета низ центарот на Охрид

Дел од странските делегации присутни на Преспа форумот кој се одржува во Охрид, утрово за време на слободните часови за разгледување на градот и преубавите културно-историски и верски знаменитости, се соочија со ретка гола глетка.

Имено низ центарот на градот, како од мајка роден, се шетал средовечен човек. Настанот бил пријавен од повеќемина во локалната полиција, која, и без тоа, има многу работа – да ги обезбедува ВИП личностите присутни на форумот и да се грижи за редот, мирот и сообраќајот.

Како што пишуваат од СДК.мк, лицето ѝ било добро познато на полицијата. Лицето е од Охрид и  оваа „нудистичка прошетка“ не му била прва, само со тоа што порано носел танга како долна облека – пренесуваат тие.

Тој до Охридскиот плоштад дошол облечен во пантолони, споделуваат информации директни сведоци на настанот.

Но наеднаш, тој се расоблекол, и прошетал сосема гол низ центарот на Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот