„Охридско лето” се вклучи во Националната кампања „Ги запознаеме ретките болести”

Националниот фестивал „Охридско лето” се приклучи на кампањата „Ги запознаеме ретките болести” што веќе трета година по ред ја организира Здружението на лица со ретки болести „Живот со предизвици”. Во знак на поддршка на пациентите со ретки заболувања, од синоќа во заштитните бои на кампањата беше осветлена сцената на Долни Сарај.

„Со осветлување на сцената на Долни Сарај, како едно од најважните обележја на Охрид, ќе дадеме мал придонес на оваа благородна идеја да се продолжи континуитетот на запознавање на општата популација со ретките болести како и да се даде поддршка на лицата кои се борат со ретките дијагнози. Ретки се, но не се сами. Заедно сме посилни и можеме да направиме многу повеќе. Уметноста обединува, не прави посилни и токму затоа како најзначајна музичко-сценска манифестација сме горди што можеме да бидеме дел од еден вака значаен проект”, вели директорката на НУ Охридско лето, Наташа Поповиќ.

Долни Сарај ќе биде осветлен во боите на ретките болести се до крајот на февруари до кога и трае националната кампања за запознавање на ретките заболувања.

Како дел од активностите за осветлување на знаменитости и културно историски споменици претходно во боите на ретките светнаа Самуиловата тврдина, Подрачното одделение на Државниот архив во Охрид и водите на Охридското Езеро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот