„Охридско лето” по повод смртта на маестро Кшиштоф Пендерецки

Маестро Пендерецки на „Охридско лето” настапи во 2013 година, а неговиот концерт беше оценет како збиднување со исклучителни уметнички вредности, реализација на фестивалскиот концепт во Охрид да дојдат и настапуваат најзвучните имиња од светската класична музичка.

Фестивалот „Охридско лето” се огласи по повод смртта на светски познатиот полски композитор и диригент Кшиштоф Пендерецки.

-Светот на уметноста се збогува со еден од најголемите светски уметници на денешницата. Славниот Пендерецки е еден од најголемите уметници кои настапиле на фестивалската сцена на „Охридско лето”. Легенда која ќе остане запишана во фестивалската историја на најславните уметници со кои Охридско лето го изгради својот голем успех. Токму неговото име е едно од оние великани со кои годинава ќе се одбележат 60 години успешно постоење на фестивалот, стои во соопштението од Фестивалот.

Маестро Пендерецки на „Охридско лето” настапи во 2013 година, а неговиот концерт беше оценет како збиднување со исклучителни уметнички вредности, реализација на фестивалскиот концепт во Охрид да дојдат и настапуваат најзвучните имиња од светската класична музичка.

Прочитајте и...  Двајцата пациенти на кои им беше трансплатиран бубрег се во добра здравствена состојба

-Вечно ќе му бидеме благодарни на овој музички гениј за неговиот неповторлив настап на 53-то издание на Охридско лето, во годината кога кога низ целиот свет се реализираа концерти токму по повод јубилејните 80 години од неговото раѓање. Токму затоа неговиот настап даде посебен белег на „Охридско лето”, но и придонесе за светска афирмација на нашата држава, стои во соопштението.

Во богатиот творечки опус Пендерецки најпознати дела се „Тужбалица”, посветено на жртвите од Хирошима, оперите „Луденските ѓаволи” и „Убу Рекс”, вокалните композиции „Страста по Лука” и „Полски Реквием”. Дел од неговото творештво е и филмската музика, меѓу кои за „Егзорцист” на Фриткин, „Сјаење” на Кјубрик, „Диви во срцето” и „Внатрешна империја” на Линч, „Катин” на Вајда…

Прочитајте и...  Шпанија од 1 јули го укинува карантинот за странски туристи

Тој ја компонираше и музиката за отворањето на 29-те Олимписки игри во Пекинг во 2008 година. Добитник е четири греми награди, последната во 2016 година.

Концертот на Пендерецки со Македонската филхармонија одржан на Охридско лето е прогласен за „музички настан” во државава за 2013 година.

Прочитај повеќе

Во Сао Паоло погреби на секои 10 минути, а епидемијата сѐ уште не го достигна својот врв

Слободен печат

Мјанмар првиот извештај за заштитата на Рохинџите го поднесе до Судот на ОН

Слободен печат

Русија забрани увоз на гориво на четири месеци

Слободен печат

Социјалната дистанца во авионот донесува поскапи карти?

Слободен печат

Семејство по 92 години „владеење” ја изгуби власта во француската општина Бозак

МИА Агенција

Рекордно мал број загинати во сообраќајни несреќи во Германија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Галичани му го честитаа изборот за викарен епископ на Архимандрит Партениј

Слободен печат

Вака Американците се „дистанцираа“ викендов, среде пандемијата (ВИДЕО)

Слободен печат

СЗО привремено го прекина испитувањето на лекот хидроксиклорокин во лекувањето на коронавирусот

Слободен печат

Демант од проректори на УКИМ до ректорот Јанкуловски

Слободен печат

Мицкоски: Август и септември најдобар период за одржување на избори, тогаш е најбезбедно за здравјето на граѓаните

Слободен печат

Џо Бајден се појави во јавност првпат по два месеца

Слободен печат