Охридскиот регион останува под заштита на УНЕСКО, до јуни 2020 да се спроведат препораките – Слободен печат
ВестиМакедонија

Охридскиот регион останува под заштита на УНЕСКО, до јуни 2020 да се спроведат препораките

На 43-тата седница Комитетот за светско наследство одлучи природното и културното наследство во Охридскиот регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност, соопшти Владата. 

На 43-тата седница Комитетот за светско наследство одлучи природното и културното наследство во Охридскиот регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност, соопшти Владата.

„За време на дебатата за Охридскиот регион, земјите членки на Комитетот изразија широка поддршка за напорите на Владата за зачувување на интегритетот и автенчиноста на светското наследсво во Охридскиот регион. Како позитивни реформи, Комитетот посебно ги истакна активностите на Владата како укинување на плановите за ски центар и експресен пат во Галичица, проектите за колекторскиот систем и пренасочувањето на Реката Сатеска, како и носењето на новиот Закон за управување. Комитетот ја нотира и поздрави одлуката на Владата од 11 јуни за спроведување на останатите препораки на УНЕСКО“, се наведува во соопштението од Владата.

Согласно одлуката, Република Северна Македонија до 1 февруари 2020 треба да достави извештај за напредокот во остварувањето на останатите препораки на УНЕСКО. Врз основа на тој извештај се очекува УНЕСКО повторно да го разгледува случајот со Охридскиот регион на следната седница на Комитетот во јуни 2020.

„Дополнително, на седницата на Комитетот се донесе одлука да се прошири границата на заштитеното добро, со што се вклучува и делот од Охридското Езеро во Република Албанија. Северна Македонија ја поддржа и поздрави оваа одлука, и блиску ќе соработува со Албанија во заедедничкото управување и одржување на светското наследство“, информира Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close