Охридскиот пливачки маратон во календарот на ФИНА

Осум учесници ќе има на Охридскиот пливачки маратон 2022/Фото: pfm.org.mk/

Светската пливачка федерација (ФИНА) објави дека во претстојната летна сезона Охрид и Охридското езеро ќе бидат домаќини на две пливачки манифестации од светски ранг.

Во календарот стои дека треба да се организира трката на 25 километри од Свети Наум до Охрид, втора од распоредот ултра светски маратонски трки на отворени води.

Првата е на 31 јули со маратонот во Канада (Сен-Жан), на 5 септември натпреварувачите се во Капри (Италија), а на 21 ноември во Росарио (Аргентина).

Исто така во Охрид треба да се одржи и олимписката дисциплина на 10 километри, седма трка по ред од серијата за бодување на ФИНА.

Традиционалниот пливачки маратон е закажан за 21 август годинава, додека една недела подоцна е трката на 10 километри.

Фото: Принтскрин/fina.org

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот