Охридскиот договор им припаѓа на сите, повикот на Ахмети мириса на барут

Политичките лидери и меѓународната заедница го спречија ширењето на воениот пожар со постигнување на Охридскиот договор, на чие потпишување Ахмети не присуствуваше од познати причини. Беше в планина.

Не треба многу труд да се вложува за да се протолкува изјавата на Ахмети по средбата со Заев. Ахмети вели дека разговорите одат во добра насока и дека ова го прави за стабилноста, државата, доближувањето на заедниците… Очекувано е во оваа фаза тој да каже и нешто како „колку сме блиску, толку сме и далеку од договор“. Во превод, сега гледа да извлече што е можно подобри позиции во новата влада. Нагоре високо, надолу длабоко… Искрено се надевам дека не чекориме кон иднина што е веќе видено минато.

Македонското општество е едно и за сите. Во него нема место за национализам. Ако некој не верува во тоа, нека го прочита Охридскиот договор. А? Што е тоа?

Прочитајте и...  Италијанското обвинителство осомничи 237 лица за шверцање на дрога, од нив 117 Албанци

Охридскиот договор е мировен договор кој ја спаси македонската држава од крвавиот националистички пожар. Тој документ им припаѓа на сите граѓанки и граѓани, а со тоа и на сите заедници што живеат во оваа земја. Не е исклучиво македонски, ниту албански, туку на сите – и несреќите од национализмот и војната и среќата што успеавме да се спасиме од нив.

Исклучивоста на Ахмети мириса на барутот од времињата на разурнување, насилство и смрт (крвавата 2001-ва година). Тогашните политички лидери и меѓународната заедница го спречија ширењето на воениот пожар со постигнување на Охридскиот договор на чие потпишување Ахмети не присуствуваше од познати причини. Беше в планина.

Западен Балкан, значи и ние, се наоѓа високо на германската агенда за време на претседателствувањето со Европска унија. Госпоѓа Шуц, директорка за Западен Балкан при германското МНР, очекува „обновен моментум“ од земјите на овој регион. Таа недвосмислено ги даде насоките. Сè почнува и завршува со владеење на правото. Никој не знае како „обновениот моментум“ ќе се усогласи со големите апетити на Ахмети да работи за „стабилноста, државата и доближувањето на заедниците“.

Прочитајте и...  СДСМ: Рeализацијата на СДИ тековно и во време на пандемија, потврда за позитивната бизнис клима

Прочитај повеќе

Може ли Зоран да биде Вили во балканското гето?

Ненад Јовановиќ

Нови мерки, нови бројки, нова граница?

Жанета Скерлев

На плимата на новофашистичките климатски промени

Мирослав Грчев

Новинарската почит кон него ќе биде вечна

Иван Андреевски - Маче

Градимир се одјави, замина голем човек

Џабир Дерала

Новинар и човек каков што ова време не може да роди

Бранко Тричковски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ин мемориам: Замина Градимир Јовановиќ – Киби

Ерол Ризаов

Во чест на Градимир Јовановиќ – Киби: Последната вистинита вест

Слободен печат

Нeзаборавена историја

Божидар Миљовски

Нaшата историја не е на распродажба

Бошко Нацевски

Цвикатор

Џабир Дерала

Путиновата „маскировка“ и реалната (не)моќ на руската воена машинерија

Џабир Дерала