Охридската библиотека „Григор Прличев“ го доби признанието „Библиотека на годината“

Фото: НУ Библиотека „Григор Прличев“ - Охрид / Фејсбук

Охридската библиотека „Григор Прличев” е прогласена за „Библиотека на годината” од Библиотекарското здружение на Македонија во категоријата „Национални установи од областа на библиотекарството”.

Информацијата ја сподели попладнево директорот на установата Милчо Јованоски, посочувајќи дека признанието ќе биде дополнителен поттик за вработените да продолжат помотивирано и по посветено кон остварување на библиотекарската дејност, но и реализација на нови проекти.

– По двегодишна пауза од пандемијата, годинава наша водилка беше мислата да излеземе од комфорната зона и да се вложиме во развојот на Библиотеката, преку контактите со читателите и да го следиме современиот тренд со набавка на нови модерни изданија, изјави Јованоски за МИА.

Според него, гордоста е поголема, бидејќи признанието доаѓа во годината кога Охридската библиотека одбележува седум децении откако го носи името на поетот и преродбеник Прличев.

Во категоријата основни училишта признанието го добило основното училиште со ресурсен центар „Иднина” од Скопје, а во категоријата средни училишта признанието му припадна на средното училиште „Јосип Броз Тито” од Битола.

Признанијата ќе им бидат врачени на 7 декември во НУ НУБ „Св. Климент Охридски” .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот