Охридска свадба за паметење: Александра и Љупчо ги израдуваа болните дечиња (ФОТО)

„Цвеќињата и бонбоните нека се во форма на детски играчки за да ги израдуваме дечињата од дневните центри“, пишуваше на свадбените покани на Александра и Љупчо кои ја реализираа свадбената веселба на 05 Мај 2019.

Нивната љубов започнала токму на хуманитарна акција кога и двајцата биле волонтери.

Собраните играчки вчера ги донираа во Дневниот центар „Зраци“,  дневниот престој „Добротољубие“  и во детското одделение при Општата болница Охрид. Заедно со тетка Анета на дечињата им подарија ден исполнет со љубов, радост и желби за многу здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот