Охрид веднаш го обнови вандализираниот споменик на загинатите бугарски туристи

Утринава е целосно возобновен споменикот на загинатите бугарски туристи, кој вчера беше вандализиран. За овој чин осуда стигна од македонското МНР и од градоначалникот на градот.

Градоначалникот на Охрид го осуди оштетувањето на споменикот на загинатите бугарски туристи

Градоначалникот денеска информираше дека по налог на Општина Охрид, службите на ЈП „Градски гробишта“ поставија нова плоча со натпис на споменикот „Солза на Роза“.

„Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам јавна осуда до несовесните граѓани кои во текот на претходните денови извршиле оштетување на споменикот ‘Солза на Роза’, кој беше поставен годинава по повод одбележувањето на единаесет годишнината од несреќата на бродот ‘Илинден’ во која загинаа 15 бугарски туристи“, се наведува во објавата на градоначалникот на социјалните мрежи.

Бродот Илинед со кој загинаа туристите / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Споменикот на брегот на Охридското езеро е паметник во чест на бугарските туристи кои животот го загубија во 2009 година кога потона бродот „Илинден“.

Вандализам во Охрид: Оштетен споменикот на жртвите од несреќата на бродот „Илинден”, МНР со осуда на инцидентот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот