„Охрид трчаТ” преместен за крајот на август

Четвртото издание на „Охрид трчаТ”, поради новонастаната ситуација со Ковид -19 е одложено од 7 јуни за последниот викенд од август месец.  Манифестацијата ќе се одржи од 28 до 30 август низ градските улици на македонскиот туристички центар.

– Одлуката за избор воопшто не беше лесна. Сакавме и размислувавме за Вас и за нашите организациски пријатели низ целиот Балкан колку што можеме да ви понудима опција што е најприфатлива. Ние ќе се погрижиме за добар спортски викенд во Охрид. Гратис од нас добивате бањање во Охридското езеро и затоа носете со вас купачи! Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ 2020″ збогатен со полумаратон (21 километар) да биде спортски празник од светски размери во Охрид.

Чувајте се и се надеваме дека ќе ве видиме на трката во август! – порачуваат од организациониот одбор на „Охрид трчаТ”.

Пријавените учесници имаат три опции. Задржување на пријавата за учество оваа година. Целосно рефундирање на финансиската средства од пријавата или автоматска пријава за следното петто издание на охридскатиот спортски настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот