Охрид се сеќава на Елена Каваева

Фото: mia.mk

 На 2 февруари навршуваат 38 години од смртта на д-р Хелена Етингер Каваева, личност која остави длабоки траги во колективната меморија на охриѓани. По тој повод, членовите на Лајонс клубот „Лихнидос” испратија барање до градските власти во Охрид, една улица или здравствен дом во градот да го понесе нејзиното име.

Барањето содржи предлог идејата да биде реализирана до датумот на нејзиното раѓање, на 16 март, со поставување пригодна спомен – плоча на влезот од зградата на Здравствениот дом „Маларична”.

Д-р Каваева, заедно со сопругот д-р Владимир Кавај, се основоположници на македонскиот здравствен систем. Нејзиното име во Охрид се уште е метафора за чистота и лична хигиена. Целиот нејзин живот е поврзан со силна посветеност кон медицината, со многу спасени животи, со многу излечени деца во првиот детски диспанзер, но и со искоренување на маларијата во Охрид, Струга, низ цела Македонија, но и во Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот