Охрид под полициска опсада поради средбата Заев-Вучиќ-Рама

фото: МИА

Во Охрид утре лидерите Македонија, Србија и Албанија, Зоран Заев, Александар Вучиќ и Еди Рама ќе ги продолжат разговорите за т.н. Мал шенген, а на состанокот ќе присуствуваат и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.

На дневен ред ќе бидат точките отворени на состанокот во Нови Сад – укинување на бариерите за слободен проток на стока, услуги, луѓе и капитал.

Како што пренесува Танјуг, на сите улици во градот има засилено полициско присуство, а градот го надлетува хеликоптер.

По патот од Скопје до Охрид, особено од охридскиот аеродром до хотелот каде ќе се одржат состаноците, има полицајци, кои го обезбедуваат поминување на делегациите.

По првичната трилатерална средба, лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија ветија во заедничка Декларација за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал во Западен Балкан дека ќе работат на подобрување на регионалната соработка со цел зголемување на економскиот раст, привлекување инвестиции и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот