Охрид – Македонски главен туристички центар

Дом на тесни, калдрмни улици и средновековна архитектура, посетата на Охрид можеби изгледа како патување назад во времето. Сепак, за да биде погоден од огромни бранови на туристи од цел свет треба да понуди и нешто многу повеќе, а тоа прекрасните плажи, забави и знаменитости.
Охрид е рај за одмор, со светкави плажи, спектакуларни погледи и богатство од медитеранска и турска кујна – сето тоа достапно со мал буџет.
Историја на Охрид
Наречен „Ерусалим на Балканот“, Охрид е една од најстарите населби во Европа и некогаш се сметаше за епицентар на религијата и словенската култура. Неговата историја е очигледна во секоја зграда што го одбележува стариот дел на градот. Сепак, токму Охридското Езеро го прави градот уникатен историски артефакт. Со три милиони години старо, стои како едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа, и му дава на Охрид престиж да биде именуван и како културно и природно светско наследство заштитено од УНЕСКО. Секој турист би било добро да знае барем дел од значењето на ова “чудо од природата”.
Туристичка понуда
Како еден од најпознатите туристички центри во Македонија, Охрид со своето прекрасно езеро привлекува голем број на туристи кои се распространети на сите плажи на крајбрежјето, а за среќа ги има во изобилство. Сето тоа надоплнето со огромни понуди за параглајдерство, планинарење, велосипедизам и ред други активности кои може да ги искористите и да биде тоа баш одмор од соништата. Секако во зависност од датумот кој го посетувате Охрид може да бидете и сведоци на најголемиот настан на тие простори, а тоа е Охридскиот пливачки маратон кој станува како една традиција без која Охрид не би бил претпознатлив.
Смештај Охрид
Сместувачките капацитети во Охрид од секогаш биле специфичен дел, но и препознатливи за самиот град. Уште од самиот влез во градот па се до самото крајбрежје ќе забележите голем број на табли и натписи од типот ,,апартмани Охрид” , ,,соби Охрид” или фамозното ,,Дан требит смештај” кое се слуша од секое сокаче низ целиот Охрид претежно во летниот период.
За тие што сакаат своето сместување да го обезбедат пред да стигнат во градот, постојат повеќе сервиси на кои “домаќините” ги огласуваат своите сместувачки капацитети како на пример Pazar3, каде што можете да разгледате од актуелните понуди за “смештај”.
За крај би ви посакале лично и персонално да го искусите животот и убавината на овој град бидејќи со сигурност нема да останете рамнодушни на сите минути и секунди поминати во Охрид.