Охрид ќе биде ставен на листата на загрозено наследство?

На сесијата која деновиве се одржува во престолнината на Азербејџан, Баку,  ќе се дискутира за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот Регион, а учествува владина делегација предводена од министеот Едмонд Адеми, во која е и градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски.

Според „Фронт 21/42“, кои сесијата во Баку ја нарекуваат пресудна, ставањето на Охрид на листата на светски наследства во опасност нема да значи тргање на заштитата од УНЕСКО, туку нејзино зајакнување зашто ќе се стопира деструкцијата и ќе се создадат услови за враќање поволна состојба на вредностите.

– Деновиве се одвива, за нас пресудната, 43 сесија на Комитетот за Светско Наследство во Баку, Азербејџан. По повеќе децении континуирано уништување (практично од осамостојувањето до денес) на агендата е разгледување на потребата нашето единствено светско природно и културно наследство да биде прогласено за светско наследство во опасност. Ова, според нас, е негова единствена шанса за опстанок – велат од еколошкото здружение “Фронт 21/42“ од Охрид .

– Одење на листата не значи губење на статусот, значи дека советодавните експертски тела на УНЕСКО (врвни светски експерти за природа и културно наследство) директно ќе се вклучат во изработка на сет корективни мерки за посакувана состојба. Постојат многу примери во светот каде ваквиот потег донел спектакуларни резултати и во речиси безнадежни случаи целосно се вратени исклучителните универзални вредности. Во оваа смисла, најпатриотскиот чин кој нашата делегација може (и ако сака да го зачува најголемото природно и културно богатство – мора) да го направи во Баку, е да побара Охрид да отиде на листата на светски наследства во опасност и помош од експертите од УНЕСКО – апелира „Фронт 21/42“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот