Охрид домаќин на Европскиот јуниорски куп во триатлон

Македонскиот туристички бисер, Охрид, втора година по ред, на стартот од јули ќе биде домаќин на два спортски настани во организација на триатлон федерацијата на Макединија во триатлон. На 6 и 7 јули ќе се одржат Европскиот јуниорски куп и Отвореното национално првенство.

Стартот на натпреварите ќе биде од Билјанини извори, на плажата „Buffalo“, а натпреваручите ги очекуваат три дисциплини, пливање, возење велосипед и трчање.

Сите заинтересирани триатлонци и спортски ентузијасти можат да се пријават најдоцна до 1 јули преку интеррнет страната „www.smartrace.club.“.
Пријавувањето за Европскиот Јуниорски куп во машка и женска конкуренција се реализира преку националните федерации. Трката наменета за јуниори, родени помеѓу 2000 и 2003 година ќе се состои од: 750метри пливање, 20километри велосипед и 5километри трчање.

На Отвореното национално триатлон првенство, натпреварувачите ќе бидат поделени во категории според возраст и сите ги очекуваат идентични дисциплини, 750 метри пливање, 20 километри велосипед и 5 километри трчање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот