Охрид денеска ја празнува 75-годишнината од ослободувањето

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Општина Охрид денеска го празнува 7 ноември – Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна.

Општината, институции од градот, јавни установи, месни заедници, здруженија на граѓани се вклучени во прославувањето што почнува утрово во 10 часот со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ кај Градските гробишта, Градскиот парк, Основниот суд, дворот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј”, по што ќе следува Панихида и полагање свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Јасна Ристеска во селото Рамне.

Според протоколот, предвидено е 75 свежи рози да бидат положени во Спомен паркот на револуцијата, по што претставник од ОО на Сојуз на борци ќе одржи историски час за значењето на 7 ноември.

Во 11 часот во концертната сала при ОМУ „Методи Патче” ќе започне Свечената академија со обраќање на градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески и културно-уметничка програма. Во Центарот за култура „Григор Прличев” вечерва 18 часот ќе започне Свеченaта приредба по повод патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска”, а од 18:30 во ОМУ „Методи Патче” ќе се одржи Седмоноемвриски концерт на учениците од Музичкото училиште.

Во рамки на денешните активности по повод празникот предвидено е да бидат презентирани и возила за потребите на градските јавни претпријатија „Охридски комуналец” и „Нискоградба”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот