Охрабрувачки вести за состојбата на Кузмиќ

Кошаркарот на Црвена Звезда, Огњен Кузмиќ кој беше тешко повреден во сообраќајна несреќа во Република Српска во моментов се наоѓа во вештачка кома во Ургентниот центар во Белград.
Неговиот клуб ја извести јавноста со нови охрабрувачки вести за состојбата на Кузмиќ, по деталните медицински прегледи кои беа извршени денеска, почнала да се враќа функцијата на белите дробови.

„КК Црвена Звезда ја известува јавноста дека здравствената состојба на Огњен Кузмиќ е стабилна, но сè уште е многу сериозна. Тој се наоѓа во шок-соба во Ургентниот Центар во Белград, а по почетните 24 часа, првите знаци се охрабрувачки. Тој денеска повторно беше прегледан од страна на лекарскиот тим, направени му се детални прегледи на главата и на белите дробови, кои покажаа дека по 24 часа нема дополнителни компликации при повредата на главата, а постепено се враќа и функцијата на белите дробови.

Свесни за големиот интерес на јавноста и грижата на сите добри луѓе, ние како клуб ќе продолжиме да известуваме за состојбата на нашиот Огњен Кузмиќ по информациите што ќе ги добиваме од Ургентниот Центар. Затоа, уште еднаш ги молиме сите медиуми да ја почитуваат приватноста на семејството Кузмиќ и со оглед на сериозноста на ситуацијата да ја информираат јавноста за неговата состојба исклучиво користејќи ги клупските соопштенија“, стои во соопштението на Црвена Звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот