Огромни колони на границите на истокот од Европа

Фото: EPA-EFE/TIBOR ROSTA

Личните возила и камиони кои сакаат да влезат во источните членки на ЕУ денес се заглавени во колони долги десетици километри и ги очекува целодневно чекање, поради граничните огрнаичувањата кои денес се воведени за да се сузбие ширењето на коронавирусот.

Европските министри за транспорт денес треба да одржат видеоконференција посветена на овој проблем.

Камиони на полскиот граничен премин Једричовице морале да чекаат по 30 часа, а патничките возила 16 часа, рече за „дпа“ Јоана Конициак од полската гранична полиција.

Полска во неделата привремено воведе гранични контроли.

На полско-чешката граница утринава се чекало по 20 часа.

Колона на возила чекала со часови и на полската граница со Литванија.

Полска поради тоа дозволи и автомобилски промет на четири прешачки гранични премини за да спречи создавање на метежи. Со тоа, отворени се и неколку нови премини на границите со Чешка и Литванија.

Во Австрија сообраќајниот застој порасна на 30 километри на клучниот премин кон Унгарија, ден откако Будимпешта ја затвори границата, објави австриската полиција.

Застој имаше вчера бидејќи унгарската влада преку ноќ првремено ја отвори границата за да пушти илјадници Романци и многу Бугари кои сакаа да се вратат дома од западна Европа преку Унгарија.

Но тој т.н. „хуманитарен коридор“ важеше само за државјаните на тие две земји. Унгарија не ги пушташе другите возачи, на пример, од Украина или Србија.

Австриските власти отворија привремен камп за патници кои ќе останат блокиран на патот.

Откако „хуманитарниот коридор“ е прекинат во 5 часот наутро, границата можеле да ја поминат само унгарски државјани и возачи на камиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот