ОГРОМНА сума пари за една свадба во Македонија

венчавка свадба
Архива / Unsplash / Louis Tosta

Еден од најсреќните моменти во семејството е свадбата. Но, трошоците за неа се високи. Најмногу пари од буџетот се одлеваат за купување на невестински фустан и злато, вклучувајќи ја и традиционалната носија на одредени места. Горе-долу, семејствата кои сега веќе ги завршиле свадбите или ги започнале подготовките велат дека минималниот износ за една свадба е околу 10 илјади евра, пренесува Алсат М.

-Не чини толку ресторанот колку што чини златото и другите работи. Сега неодамна имавме свадба во Скопје, потрошивме 17 илјади евра. Поради вакви нешта, се истрошуваме. До 10 илјади евра е многу, зборам за каква што е состојбата тука – вели граѓанин.

Запрашан колку планираат да потрошат за свадбата која ја имаат, граѓанин вели : “Се уште не знаеме, но 20 илјади евра не се доволно. Дали работите тука или на печалба ? Тука. Дали е голема сумата споредено со состојбата во земјата? Голема е, но треба да изнајдеме решение”, вели граѓанинот.

Освен семејството, свадбите се скапи и за гостите кои треба да испратат разни подароци. Последниве години, златото се избегнува како подарок поради високата цена.

-Моментално тој што има пари купува злато. Ние имаме злато за три варијанти, поевтино, средно и скапо, според клиентот кој купува. Повеќе се бараат поевтините – вели еден златар.

-Подароците чинат, потешко им е на обичните семејства тука бидејќи треба да однесат подароци – додава еден граѓанин.

Добар дел од трошоците на свадби има и невестинскиот мираз и средувањето на куќата за новиот брачен пар. На списокот на трошоци е и музиката. За да се обезбеди пејач или музичка група, просечната сума која едно семејство треба да ја одвои е над 1.500 евра. А, за да изгледа свадбената кола убаво треба да одвоите просечна сума од 40 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот