Огромна спасувачка акција-пожарникари трагаат по исчезнати лица во невремето на југо-истокот од Франција (ФОТО+ВИДЕО)

Во Италија, две лица, меѓу кои и еден пожарникар, беа пронајдени мртви во поплавата на границата со Франција

Според последниот извештај на француските власти, осум лица сè уште се водат како исчезнати во Долината на Роја и во Везуби, а по десетина други лица сè уште се „трага”, јави дописникот на МИА.

Речиси 1.000 пожарникари се мобилизирани во подножјето на приморските Алпи на југо-истокот од Франција, кои беа погодени од исклучителни поројни дождови и поплави, при што работат на обновување на комуникациските линии и потрага по исчезнатите лица.

Фото: Твитер

Во петокот паднаа до 500 милиметри дожд за неколку часа, „невидено од воспоставувањето на мерните инструменти”, рече премиерот Жан Кастекс, при посетата на погодените места од невремето.

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Во Италија, две лица, меѓу кои и еден пожарникар, беа пронајдени мртви во поплавата на границата со Франција. Синоќа, 21 лице за кое беа пријавени исчезнати од италијанските власти беа спасени на француската страна на Алпите, близу Тенде, во западниот дел на Ница. Утрово, исчезнат француски жандарм исто така беше пронајден безбеден и здрав.

Според последниот извештај на властите, осум лица сè уште се водат како исчезнати во Франција, во Долината на Роја и во Везуби, а за уште десетина други лица се „трага”, односно може да се каже дека „нема новости (од нив)”, рече Жан Кастекс.

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Штетата е сериозна од двете страни на границата: многу села се уништени од вода и свлечишта, патиштата и мостовите се оштетени или уништени.

„Потрагата продолжува, се разбира, со извидување на изолирани места до кои пожарникарите сè уште немаа пристап во неделата наутро”, се вели во соопштение од пожарникарската служа.

– Ние мора да ги воспоставиме линиите за комуникација за да овозможиме пристап во итни случаи, додадоа тие.

Околу 600 пожарникари од Поморските Алпите продолжуваат со работа, како и околу 300-други кои дојдоа како засилување од другите департмани.

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Во Рокебијер, педесетина километри северно од Ница, две стари лица беа однесени од надојдената вода и кал при уривањето на нивната куќа.

– Пожарникарите немаа доволно долго јаже, па дури и со нашите јажиња не можевме да стигнеме до куќата, па за да ги извлечеме беше предоцна, тогаш куќата одеднаш беше однесена, изјави немоќниот сведок на сцената.

Поплавите опишани како „исклучителни” од Метео Франција уништија села во Долината на Везуби и долината Роја, каде што беа однесени куќи, додека другите ризикуваат да се урнат,. Многу патишта и мостови се уште се затворени и како резултат на тоа, цели села се изолирани од светот.

Од вчера, припадници на армијата и стотици спасувачи се распоредени на француска страна да ги бараат исчезнатите и да им донесат медицински средства и вода на изолираните жители со хеликоптер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот