ОГРОМНА ШТЕТА ВО ВЕНЕЦИЈА: Најголемата поплава во последните 50 години ќе чини стотици милиони евра (ВИДЕО)

Фото: EPA / ANDREA MEROLA

Градоначалникот на Венеција Луиџи Буруњаро изјави денеска по новиот бран поплави дека штетите во овој историски град по најголемата поплава во последните 50 години ќе бидат стотици милиони евра. Во поплавата загинаa и двајца повозрасни мажи.

– Ние не зборуваме само за пресметување на штетата, туку за иднината на градот. Поради ова, ние го губиме населението, изјави Бруњаро пред новинарите, барајќи од Рим да прогласи вонредна состојба.

Нивото на водата вчера достигна 187 сантиметри, највисоко ниво досега забележано во Венеција, а само седум сантиметри помалку од највисокото забележано ниво во историјата, пренесе Би Би Си.

„Венеција е на колена. Базиликата Свети Марко претрпе сериозни штети, како и целиот град и неговите острови”, напиша Буруњаро на Твитер.

Во Венеција, криптата под базиликата Свети Марко беше поплавена по втор пат во историјата, при што вода влегувала и низ прозорците.

Поплавата е предизвикана од поројниот дожд што се совпадна со полната месечина што донесе висока плима. Исто така, градот испреплетен со канали е во опасност и поради зголемувањето на нивото на морето како резултат на климатските промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот