Огромна дупка се отвори среде пат, „проголта“ паркиран автомобил (ВИДЕО)

Telegrafi

Огромна јама што се отвори среде пат во Вирџинија, САД, „проголта“ автомобил, кој буквално исчезна во длабочина од шест метри.

На аматерска видео снимка се гледа како автомобил паркиран на работ на патот во градот Дејл, во Вирџинија, завршува во јамата, која се отворила како резултат на колапсот на земјиштето, објавува Телеграфи.

Видеото на Фејсбук е објавено од Оскар Галдемез, а црвениот автомобил „Dodge Caravan“ исчезнува од површината.

За среќа во автомобилот немало никој, бидејќи стоел паркиран подолго време од страна на сопственикот, додека локалните власти објавија дека ќе биде потребно време за да се поправи патот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот