ОГРОМЕН ПОЖАР ВО АНГЛИЈА ПРОГОЛТА 40 КАМИОНИ: Експлозиите одекнуваа една по друга (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Огромен пожар зафатил неколку десетици камиони во фабрика за машини за перење во Питерборо во Англија, а експлозиите кои одекнувале една по друга се слушале на неколку километри оддалеченост, додека џиновски облак со црн чад го покрил градот.

На терен излегле повеќе од 50 пожарникари кои се обиделе да го запрат пожарот кој се шири.

Според првите проценки огнот зафатил околу 40 камиони со приколки, а на социјалните мрежи може да се прочита дека жителите се во паника поради експлозијата кој се слушала и на неколку километри оддалаченост од фабриката.

Итните служби ги предупредиле жителите за тоа вратите и прозорците од своите домови да ги чуваат затворени, но според бројните снимки, малку кој го послушал предупредувањето.

Многу жители излегле на улица и во паркови за да го следат густиот црн чад кој се ширел од фабриката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот