Ограничувањата поради Ковид го подобруваат квалитетот на воздухот

Обединети нации / Фото: Архива

Пандемиските блокади и ограничувањата за патување доведоа до драматично, но краткотрајно подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на загадувањето, соопштија Обединетите нации и предупредија дека промената, сепак, не може да ги замени долгорочните активности.

Новиот извештај на Светската метеоролошка организација на Обединетите нации (СМО) покажа дека ограничувањата поради „Ковид-19″ минатата година привремено го подобрија квалитетот на воздухот во голем број места, особено во урбаните области. Но, тие исто така го стимулираат порастот на некои загадувачки материи кои се опасни по здравјето и имаат нејасно влијание врз климатските промени.

„Ковид-19 се покажа како непланиран експеримент за квалитетот на воздухот. Ова доведе до привремени локализирани подобрувања. Но, пандемијата не е замена за тековните и систематски активности за справување со главните двигатели и на загадувањето и на климатските промени, а  со тоа да се заштити здравјето и на луѓето и на планетата, изјави шеот на СМО Питер Талас.

Загадувањето на воздухот, особено со мали честички, сериозно влијае на здравјето на луѓето и е поврзано со милиони смртни случаи секоја година.

Извештајот на СМО се базира на истражување за тоа како се однесуваат клучните загадувачи на воздухот во и околу десетици градови низ светот.

Анализата покажува намалување до 40 проценти при ниски концентрации на честички за време на целосното блокирање во споредба со истите периоди во 2015-2019 година. Ова обично значи подобрен квалитет на воздухот, иако квалитетот повторно се влошува кога се зголемуваат емисиите по блокирањето. 

извор МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот