Ограничени патувања со македонскиот пасош, но со овој може речиси секаде без виза

Фото: Слободен печат

Јапонија, Сингапур, Германија и Јужна Кореја се четирите земји кои имаат најдобри пасоши на светот, објави Хенли Паспорт Индекс.

Пандемијата од коронавирус поради различните блокади ги отежна патувањата во минатата година, а извесно е дека ќе ги отежнува патувањата и во оваа, па и во наредните години, дури и децении, објави Си-Ен-Ен.

Хенли Паспорт Индекс сепак објави листа на земји со најдобри пасоши во 2021 година во рамки на која не се земени во предвид привремените ограничувања на различните земји.

Според истражувањето на фирмата Хенли и Партнери, азиските граѓани и натаму имаат „најпријателски“ светски патни документи.

Државјаните на Јапонија може да отпатуваат во 191 земја во светот без потребни визи, додека државјаните на Сингапур можат во 190 земји, а Германците и граѓаните на Јужна Кореја на 189 дестинации.

Од балканските земји најдалеку може да се стигне со словенечки пасош – 180 достапни земји и оваа земја е на 12. место, Хрватска е на 18. место со 171 дестинација без виза, а над нив е Унгарија на високото 9 место со 182 дестинации. Романија е на 17. место со 172 достапни дестинации. Со српскиот пасош може да се патува на 134 дестинации, и Србија е на 38. место, Северна Македонија и Црна Гора се на 45. место со 124 дестинации и подолу е  Албанија на 52. место со отворени 114 дестинации без визи за нејзините граѓани. 

На дното на табелата е Авганистан, 110. место со можност нејзините граѓани да патуваат во само 26 земји, а му претходи Ирак со 28 слободни територии и Пакистан со 107.

Хенли Паспорт Индекс секоја година ги рангира сите светски пасоши според бројот на дестинации со кои нивните сопственици може да патуваат без претходно одобрена виза за престој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот