Ограничен извозот на заштитна опрема од 72 членки на СТО

Од организацијата предупредуваат дека ваквиот тек спретставува опасност за земјите кои зависат од увозот, да загубат пристап до неопходните медицински производи.

Вкупно 80 земји и царински подрачја  го забранија или ограничија извозот на заштитни маски, средства, ракавици и друга опрема, со цел да се намали недостигот за време на епидемијата ка коронавирусот, соопшти Светската трговска организација.

Од нив 72 се членки на СТО, а само 13 држави членки известиле за мерките согласно прописите, стои во соопштението на оваа организација.

Од таму додаваат дека нетранспарентноста во однос на ограничувањата и недоволната соработка на меѓународно ниво би можеле да ги загрозат напорите за спречување на ширењето на Ковид-19, од кој во моментов се заразени над 2,6 милиони луѓе низ светот, а 184.910 починаа.

Според организацијата, иако ограничувањето на извозот е разбирливо, сепак се заканува опасност за земјите кои зависат од увозот, да загубат пристап до неопходните медицински производи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот