Ограбил маркет, а потоа и се заканувал на директорка

Кумановец извршил кражба во маркет, а потоа се заканувал на директорка на Центарот за социјални работи, информираше денеска СВР Куманово.

Настанот се случил вчера, а во полицијата пријавил вработен во маркет на улицата „Христијан Тодоровски Карпош” кој кажал дека  непознато лице влегло во маркетот и извршило разбојничка кражба.

По преземени мерки Ф. Н. бил приведен во СВР Куманово и му бил одземен нож.

Во меѓувреме, било пријавено дека, после разбојничката кражба во маркетот, Ф. Н. заминал во просториите на директорот на Центарот за социјални работи Куманово, каде што и упатил закани по животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот