Ограбено дебарско казино – Слободен печат
ВестиХроника

Ограбено дебарско казино

Полицијата трага по разбојникот, и за откривање на идентитетот ќе бидат искористени снимките од безбедносните камери, велат од полицијата.

Вчера, рано наутро, било ограбено казиното „Стар“ во Дебар. Маскиран разбојник, кој бил вооружен, насилно влегол во казиното, кое се наоѓа на улицата „8 Септември“ и украл голема сума пари.

– Со вперен пиштол разбојникот од вработени во казиното украл голема сум на пари, но точниот износ сѐ уште не е утврден. Разбојништвото било пријавено во полициската станица во Дебар, на 15 април во 4.50 часот – изјави Стефан Димоски од СВР Охрид.

Полицијата трага по разбојникот, и за откривање на идентитетот ќе бидат искористени снимките од безбедносните камери, велат од полиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close