Ограбена поштата кај Градскиот пазар во Велес

Лице на возраст помеѓу 25 и 30 години вчера влегло во Наплатен центар на „Македонски пошти” на улица „Нада Бутникошарева” во Велес, кај Градскиот пазар и со закана од вработените одзело пари.

Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, кражбата била пријавена вчера околу 13.00 часот и оти полицијата трага по извршителот.

Екипи на СВР Велес извршиле увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот