Огномет заврши во оградата на касарна „Илинден“

Синоќа во 19.15 часот во Полициската станица Карпош, од касарната „Илинден” било пријавено дека на околу 100 метри од касарната во правец кон бул.„Словенија” неколку лица испукале огномет, а потоа се слушнале поединечни истрели од оружје, по што повторно имало огномет.

Според пријавеното, информираа денеска од МВР, додека траело второто испукување на огномет, едно испукување завршило во оградата од касарната.

Нема повредени лица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот