„Огнените“ од ДУИ демантираат: Не одиме во Беса

Фото: Мукадес Хајдари / Фејсбук

Групата незадоволни членови и функционери на владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ), кои во јавноста се претставуваат како „огнена група“, ги демантираат информациите кои се појавиле, дека ќе преминат во партијата Беса.

Од групата која од саботата официјално дејствува како фракција во ДУИ, посочуваат оти веста дека ќе се приклучат кон Беса, која ја објавија дел од македонските медиуми, е невистина, притоа најавувајќи дека во наредниот период ќе се интензивира „борбата за демократизација, транспарентност, воспоставување на принципот меритократија и отчетност во рамките на Демократската унија за интеграција“.

„На „огнената група“, на која поддршка ѝ даваат една третина од гласачите на ДУИ, не ѝ е местото надвор од ДУИ, туку треба да отстапат тие кои немаат ниту гласачи, ниту реализирани проекти, со што ќе се создаде место за млади подготвени и компетентни кадри кои ја знаат и ја сакаат ДУИ“, пишуваат „огнените“.

Дел од медиумите, повикувајќи се на неименувани извори, денеска објавија дека незадоволните функционери на ДУИ, кои бараат оставка од Артан Груби и министрите од партијата, ќе станат дел од Беса, за што наводно во тек биле разговори и средби. Според истите информации, кои „огнените“ сега ги демантираат, Беса поставила услов тие прво да се трансформираат во политичка партија, па потоа да им се придружат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот